Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја одреди Струмица и салата „Парк“ како домаќин на натпреварот за Суперкуп трофејот меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и победникот на Купот на Македонија, Вардар 1961.
Дуелот е закажан за в среда, шести септември, од 18:00 часот.
Титулата од минатата сезона ја брани Еурофарм Пелистер.