Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го освои првото место на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Пелистерци триумфираа во финалето против грчкиот тим Олимпијакос со 30-27. Претходно Еурофарм Пелистер ги совладаа Бутел Скопје со 32-21 и Татран Прешов со 29-24 и загубија од Металопластика со 26-27,
За МВП играч беше избран Ненад Костески, а најдобар стрелец беше Гоце Ојлески.
За најдобар голман беше прогласен голманот на Олимпијакос, Константинос Котанидис.